Јоргос Папајанис засилување под обрачите за Монако

Грчкиот кошаркар Јоргос Папајанис во следната сезона ќе настапува за екипата на Монако со која ќе се натпреварува во Евролигата. 

27-годишниот двометраш ќе заигра под обрачите на клубот од кнежевството, откако по една сезона го напушти Фенербахче. Папајанис парафира едногодишна соработка и со Монако.

„Мојата примарна амбиција е да играм во клубови со високи цели. Челниците на Монако ми пријдоа на начин што ми покажаа дека ме посакуваат и ми ги презентираа високите цели и амбиција да се освои Евролигата. Многу ми беше важен и пристапот на претседателот на клубот. Потоа мојата одлука беше лесна“, изјави Гркот. 

Минатата сезона Папајанис во Евролигата за Фенербахче играше во просек по 16 минути на натпревар, а забележа по 5,7 поени и 3 скока.

Во кариерата Папајанис освен за Фенербахче играше за Панатинаикос, Портланд, Сакраменто и Перистери.