Јоргос Барцокас се врати на кормилото на Олимпијакос

Грчкиот гигант Олимпијакос вторпат го смени тренерот во тековната сезона. Афирмираниот грчки стручњак Јоргос Барцокас се врати на кормилото на Олимпијакос, откако денес потпиша договор на две и пол години.

Олимпијакос моментално ја делат две победи до место во четвртфиналето на Евролигата. Барцокас последен ангажман имаше во руски Химки, но на почетокот на 2019 година беше сменет од позицијата шеф на стручниот штаб.

54-годишниот стручњак со Олимпијакос стана европски првак во 2013 година.

Трофејниот стручњак во својата кариера ги водеше Муриса, Лариса, Паниониос, Локомотив Кубањ и Барселона.