Јорданчо Давитков се врати во Кувајт и пак ќе го води тимот на Кадсија!

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков пак ќе работи во Кувајт, откако вечерва ги договори сите детали и ќе го води тимот на Кадсија од следната сезона.

Седум години по неговото заминување од клубот, кочанчанецот повторно добива доверба да застане на кормилото на Кадсија во поход кон титулата. 

Давитков во својата биографија вгради три шампионски титули во овој кувајтски клуб, а до минатата сезона работеше во Дубаи (Обединетите Арапски Емирати).

Напоредно со работата во Кувајт, Давитков ќе ја предводи и македонската кошаркарска репрезентација, со која оствари две победи на стартот на претквалификациите за следниот Евробаскет.