• Мартин Танасковски
Поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков повеќе не е тренер на романскиот прволигаш Таргу Жиу.
По поразот од Динамо Букурешт, двете страни се договорија да ја раскинат соработката. Давитков дојде во Таргу во март 2021 година, но си оди порано од предвиденото. Тимот во следниот период ќе биде предводен од двајца романски тренери.
58-годишниот Давитков својата богата тренерска кариера ја започна во 2000 година во Никол Ферт, а во македонското првенство ги предводеше и Поло Трејд, Балкан Стил, Неметали Огражден, Работнички и Струмица пред да и се посвети на интернационалната кариера која се движеше низ Исланд, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Косово...
Покрај тоа Давитков два пати беше селектор на македонската кошаркарска репрезентација.