Јончевски: Со подетална анализа се надевам ќе ги сопреме најдобрите играчи на Грузија

Грузија ќе гостува во Скопје и ќе биде нова шанса за Македонија да запише прва победа во квалификацискиот циклус за пласман на Мундобаскетот 2023.

Селекторот Драган Бајиќ е позитивен на коронавирус, па неговото место моментално го пополнува Александар Јончевски.

„По анализата од натпреварот во Тбилиси и тоа како видовме дека има работи кои можеме да ги поправиме. Не успеавме во намерата да ги сопреме нивните најдобри играчи. Се надевам дека со подетална анализа тоа ќе го поправиме в недела. Шансите и натаму не се изгубени. Со победа над Грузија ќе ги задржиме шансите да се најдеме во следниот циклус квалификации.

Имавме најава дека во Скопје ќе ни се вратат неколку стандардни репрезентативци. Но, очекуваме настап само на Димитријевиќ, а нема да може да сметаме на Ѓуроски, Мекиќ и најверојатно Магдевски, за кого ќе одлучиме во последен момент“, изјави Јончевски.

На првата средба пред неколку дена Грузијците запишаа сигурен триумф пред своите гледачи против подмладениот македонски тим.