Јончевски: Пред мечот да ми понудеа победа со еден разлика, ќе ја прифатев

Селекторот на кошаркарската репрезентација, Александар Јончевски, беше презадоволен од изданието на неговите момчиња по големата победа над Полска со конечни 71-96. 

Македонија на крилјата на Ненад Димитријевиќ го надигра фаворизираниот ривал, а селекторот смета дека тимот одиграл феноменален меч и призна дека не очекувал победа со толку голема разлика. 

„Одигравме неверојатно. Пред мечот да ми понудеа победа со еден разлика, ќе ја прифатев. Верував во своите играчи и морам да ги пофалам за пожртвуваноста и играта во сите сегменти.

Одбраната функционираше одлично, а во нападот имавме многу расположени играчи. Се надевам дека ќе продолжиме во сличен стил и на следните натпревари“, изјави Јончевски. 

Македонија се враќа со огромен триумф од Полска, но за жал загуби на домашен терен од Естонија и сега математиките во нашата група се прилично комплицирани, но шансите за пласман на Европското првенство сѐ уште постојат.