• Зоран Мишевски

Не беше лесно да се прифати дека МЗТ Скопје на две секунди до крајот ја загуби можноста да ја продолжи серијата на победи. Тренерот Александар Јончевски по мечот со Мега Лекс, кој гостите го добија со 76-77, истакна дека повторно би ги направил истите потези и дека можеби со добра реализација на слободните фрлања, исходот ќе беше поинаков.
„Ова беше класичен натпревар во кој било кој да победеше немаше да биде незаслужено. Гостите дојдоа по победа, но ние им помогнавме да слават, бидејќи промашивме многу слободни фрлања. Со подобра реализација на крајот од мечот победникот ќе беше решен порано. Направивме фаул, но потоа на 13 секунди до крајот одевме на одбрана. Тоа се одлуки кои повторно би ги направил. Не го забележавме Николиќ, бидејќи внимававме на Ивановиќ и во тој дел од секундата го загубивме мечот. Веќе почнуваме да се подготвуваме за Работнички, а потоа и за Игокеа“, истакна на официјалната прес-конференција Јончевски.
Втор пат Мега Лекс го победи МЗТ Скопје оваа сезона и со тоа покажа дека е повеќе од млада екипа која во Јадранската лига е за да собира искуство во ова натпреварување.