Јончевски: Потфрливме и во нападот и во одбраната, в среда подобро ќе одговориме

Екипата која веројатно најмногу разочара на првиот ден од Купот на Македонија беше амбициозниот Гостивар. Тимот кој во налет го заврши шампионатот, па дури и го совлада Работнички во Скопје, одигра многу слаби први две четвртини и лесно го „положи оружјето“ пред Еуро Никел од Кавадарци. 

„Сакам да им честитам на момците од Еуро Никел. Ние имаме екипа што се храни со лесни кошеви, со напад кој добива енергија. Вечерва воопшто не ни одеше шутот од далечина, 1/19 имавме за три поени на крајот на третата четвртина, за што доказ се и сите поени од отворени шутеви.

Потфрливме и во одбраната. Со оглед на скратената ротација, капитенот ни се повреди ден пред натпреварот, не ни можевме да притиснеме нешто повеќе. Овој резултат не е реална слика на натпреварот. В среда повторно играме со истиот противник, ме плаши тоа дали ќе имаме доволно играчи, но мислам дека подобро ќе одговориме“, смета тренерот на Гостивар, Александар Јончевски.

Двете екипи со првиот дуел од серијата „подобар од три“, ќе го познат плеј-офот в среда попладне во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.