• Зоран Мишевски
Кошаркарската репрезентација на Србија во тест натпревар во Лион го совлада домаќинот на Олимписките игри Франција со 67-79. Никола Јокиќ беше на прагот на „дабл-дабл“ учинок до полувремето, завршувајќи ги првите дваесет минути со 20 поени и 12 скока. Богдановиќ постигна 15, а Аврамовиќ 9 поени. Кај Французите Вембањама постигна 14, Јабуселе 12, а Нтиликина 9 поени.
Пред натпреварот, дресот со број 9 на Франција беше повлечен во чест на Тони Паркер. Србите во Лион пристигнаа со подарок, па Јокиќ како подарок на Тони Паркер му го предаде дресот на Србија со број девет.
Српските кошаркари следниот пријателски натпревар ќе го одиграат во Абу Даби на 16 јули против Австралија.