Јокиќ: Свирежи во Мајами? Брате, јас сум играл во Србија...

Кошаркарите на Денвер Нагетс победија на гости кај Мајами Хит (120-111), а кам-бек на терените имаше Никола Јокиќ. Српскиот центар ја надмина повредата и со 24 поени го предводеше својот тим. Тој предизвика свирежи во „Американ Еирлајнс Арена“, по судирот со Маркиф Морис на домашниот дуел во Денвер. 

Сепак, кога новинарите по дуелот го прашаа како се чувствува по свирежите на Флорида, Јокиќ имаше урнебесна реакција. 

„Брате, имам играно во Србија... Би сакал да го почувствувате тоа. 

Натпреварот како и секој друг понуди добра атмосфера. Планот беше да се вратам порано, ама имав болки. Тука во Мајами бев подобар и сега ја надминав повредата“, изјави Јокиќ. 

Инаку, по судирот со Морис во Колорадо, во медиумите се истакнаа и браќата на Јокиќ кои најавија скандали кога тимот ќе гостува на Флорида. Сепак, тие беа во првите редови зад клупата на Нагетси и освен свирежите кон Јокиќ, немаше скандали.