Јокиќ со последниот „трипл-дабл“ си најде место во историјата на НБА лигата

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ ноќеска исполни нов „трипл-дабл“, кој во оваа сезона му беше седми. Вкупно во својата НБА кариера центарот има 34, со што си најде свое место во ТОП 10 категорија. 

Јокиќ влезе во десетте играчи со најмногу „трипл-дабл“ во историјата на НБА, надминувајќи го Бил Коузи. Следна пречка пред него е Џејмс Харден, кој ќе биде тежок за престигнување поради одличните партии кои ги пружа во Хјустон. 

  • Официјалната потврда на Твитер профилот на НБА:

Најдобриот играч на Рокетски има 42 „трипл-дабл“ скорови досега, а веднаш пред него е Фел Левер со 43, кој би требало да биде следната мета на Јокиќ. Нешто над нив се Лери Бирд со 59, односно Вилт Чемберлејн со 78 вакви скорови. 

Покрај нешто послабиот старт на сезоната, српскиот играч има просек од 17,4 поени, десет скокови и 6,9 асистенции по натпревар.