ВИДЕО: Јокиќ со моќна партија го водеше Денвер до нова победа

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа по продолжение против Портланд Треил Блејзерс (137-132) во НБА лигата. Тимот од Колорадо ја преживеа драмата и воден од Никола Јокиќ стигна до 51. победа оваа сезона. Србинот забележа „трипл-дабл“ учинок со 35 поени, 14 скока и 13 асистенции, а кај Портланд се истакна Камара со 30. 

  • Денвер Нагетс - Портланд Треил Блејзерс:

Сан Антонио Спарси славеа дома против Филаделфија 76ерс (115-102). Џоел Ембид покажа дека не заборавил да игра кошарка по бројните повреди и уфрли 34 поени, а фати и 12 скока. Во победничкиот табор се истакна Кесл со „трипл-дабл“ (19 поени, 13 асистенции и 10 скока), додека Виктор Вембањама иако со лимитирана минутажа, за речиси 16 минути уфрли 17 поени.

  • Сан Антонио Спарс - Филаделфија 76ерс:

На останатите терени Њујорк беше подобар од Атланта (105-108), Орландо слави со Детроит (123-107) и Кливленд беше подобар од Мемфис (126-142).