ВИДЕО: Јокиќ со лажен пас апсолутно го измами и посрамоти Кари!

Никола Јокиќ имаше перфектна партија и го предводеше Денвер до победата над Голден Стејт (119-115). 

Српскиот центар одново покажа завидна техника, а во еден момент буквално го посрамоти Стеф Кари. Јокиќ доби топка на 80 секунди до крајот, тргна да додава и се предомисли, а тоа го измами противникот и го прати „по бурек“. 

Финтата успеа, па Јокиќ остана сам и лесно поентира за два поени кревајќи ја публиката на нозе. 

Средбата Јокиќ ја заврши со „дабл-дабл“ ефект од 38 поени и 10 скока.