ВИДЕО: Јокиќ се врати и во пеколот во Мајами ја прекина „црната“ серија на Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја прекинаа серијата од шест порази, и пред речиси 20.000 навивачи во Мајами славеа против 111-120, во натпревар кој привлече големо внимание кај кошаркарската јавност.

  • Дочекот на Јокиќ во Мајами:

Српскиот ас Никола Јокиќ по паузата поради повредата и четирите натпревари без настап, ѝ се врати на кошаркарскиот паркет и тоа на жешкиот терен во Мајами. Ланскиот МВП беше исвиркуван од домашната публика, поради инцидентот што се случи пред неколку седмици со Морис, но тоа нему не му пречеше ни тоа и одигра фантастичен натпревар, запишувајќи 24 поени, 15 скока и 7 асистенции.

  • Извештај од натпреварот: 

Најголема поддршка доби од Боунс Хајленд, кој реализира пет тројки од осум обиди за 19 поени. Арон Гордон постигна 20 поени, а Вил Бартон додаде 14. Во отсуство на Џими Батлер и Тајлер Хиро, во таборот на Мајами најефикасен беше Бем Адебајо со 24 поени со 13 скока и 6 асистенции. 

Кошаркарите на Далас Маверикс доживеаја дебакл пред својата публика и со 18 поени разлика го загубија натпреварот со Кливленд Кавалирс (96-114). Лука Дончиќ и соиграчите бркаа негатива уште од првата четвртина и во ниту еден момент не успеаја да се доближат до противникот, кој пак одигра квалитетен натпревар, исполнет со многу атрактивни потези и поени.

Ален со 28 поени, 14 скока и 3 асистенции беше прво име во победничкот табор, а солиден беше и финскиот кошаркар Марканен со 24 поени и осум скока. Словенечката ѕвезда забележа нов „трипл-дабл“ со 25 поени и по десет скока и асистенции.

На останатите натпревари ноќва во НБА лигата, Чикаго со 133-119 славеше на дуелот со Шарлот, Минесота извојува минимална победа над Индијана (100-98), а Лос Анџелес Клиперс загуби пред својата публика од Њу Орлеанс со резултат 104-123.