ВИДЕО: Јокиќ се качи на столче, Пешиќ ја пееше „Македонско девојче“ на прославата!

Кошаркарската селекција на Србија го освои бронзениот медал на Летните олимписки игри во Париз, откако во малото финале ѝ се реваншира на Германија за поразот на Светското првенство и извојува сигурна победа од 83-93.

Славјето на Србите траеше цел ден, а во еден момент селекторот Пешиќ го зеде микрофонот и ја запеа „Македонско девојче“. Никола Јокиќ се качи на столче и заедно со останатите кошаркари ја пееја нашата легендарна песна. 

Јокиќ беше еден од најдобрите кошаркари на турнирот, малото финале го заврши со „трипл-дабл“ учинок, а беше избран и во најдобрата петорка.