ВИДЕО: Јокиќ реагираше бурно и доби исклучување со Голден Стејт

На вториот натпревар меѓу Голден Стејт и Денвер, кошаркарите на Нагетс во последниот период мораа да играат без Никола Јокиќ. Српскиот центар на седум минути до крајот доби исклучување, откако ја заработи втората техничка грешка. 

Јокиќ беше со грб свртен кон кошот во дуел со Дрејмонд Грин, шутна и промаши, па пребурно реагираше за фаул. Поради реакцијата, Србинот доби втора техничка грешка и мораше да замине во соблекувалната. 

  • Реакцијата и исклучувањето на Јокиќ:

До тој момент Јокиќ уфрли 26 поени и фати 11 скока, но за жал не успеа да му помогне на Денвер да дојде до позитивен резултат.