Јокиќ: Разлика меѓу мене и Леброн? Тој е најдобар на светот, а јас не сум

Леброн

Никола Јокиќ крена голема прашина со формата која ја прикажа во овогодишниот плеј-оф во НБА лигата. Неговиот Денвер Нагетс се врати во двете серии против Јута и Лос Анџелес Клиперс по негатива од 1-3.

Српскиот центар сега се соочи со Леброн Џејмс, кој заедно со своите соиграчи имаат сигурна предност во финалната серија на Западот. Новинарите го запрашаа Јокиќ за разликата меѓу него и Леброн, а неговиот одговор беше краток и јасен.

„Која е разликата меѓу мене и Леброн? Тој е најдобар играч на светот... а јас не сум. Ете тоа. Тоа е разликата“ , изјави првата ѕвезда на Нагетси.

Начинот на кој што Јокиќ ги разигрува соиграчите наликува на темпото кое Џејмс го наметнува во редовите на „езерџиите“. Сепак, центарот нема да има лесна работа затоа што во конференциското финале ЛА Лејкерс има предност од 2-0.