Јокиќ прв стрелец, Србија по голема драма ја „освои“ Турција

Кошаркарската репрезентација на Србија по голема драма ја совлада Турција во Истанбул со 79-72 во осмото коло во групата И од квалификациите за Светското првенство и со тоа значително ги зголеми шансите за пласман на Мундобаскетот.

„Орлите“ за Истанбул отпатуваа по големата победа против Грција во „Штарк арената“ пред неколку дена, а и во салата „Синан Ердем“ императив им беше ново славје, до кое стигнаа по голема борба против одличниот домаќин. 

Никола Јокиќ со 24 поени, од кои 19 во првото полувреме беше најпрецизен во таборот на Србија, во кој одлични беа уште, Гудуриќ  и Калиниќ си по 14, а Лучиќ имаше 11 поени. Во поразениот тим се истакна НБА триото - Осман постигна 22, Фуркан Коркмаз 18, а Алперен Шенгун 17 поени.

Во преостанатите два меча од групата И, Грција беше убедлива против Белгија 85-68 во Атина, додека лидерот Летонија се мачеше на гостувањето кај Велика Британија, но на крајот триумфираше со 87-80.

 

Најнови вести од
СП квалификации, Европа