• Иван Димовски

Денвер Нагетси славеа со 132-123 против Сакраменто Кингс во НБА лигата, а овој меч беше ново шоу на Никола Јокиќ.
Српскиот центар особено се истакна со една тројка на истекот на времето во третата четвртина. Јокиќ доби топка од под својот кош и далеку од својата половина ја фрли со една рака бидејќи немаше време, а успеа да погоди.
- Тројката на Јокиќ на истекот на времето:
Американскиот коментатор стана хит бидејќи во преносот по погодената тројка кажа: „Јокиќ погоди дури од Сомбор“, алудирајќи на огромната дистанца од кошот.
Инаку, Никола Јокиќ мечот го заврши со 35 поени, 22 скока и 17 асистенции.