ВИДЕО: Јокиќ пак го водеше Денвер, победи и за Клиперси и Бакси

Кошаркарите на Денвер Нагетс се радуваа на триумф во „Таргет Центар“ во Минеаполис, каде ја победија домашната Минесота со 103-114. Српскиот кошаркар и првиот кандидат за МВП наградата оваа сезона, Никола Јокиќ одново играше одлична партија, која го водеше својот тим. Јокиќ собра 31 поен, а запиша и 14 скокови, додека „само“ четири пати ги проигра соиграчите. На спротивната страна респектабилен перформанс имаше и „рукито“ Едвардс кој запиша 29 поени и надоврза седум скокови и пет асистенции, додека Таунс со „дабл-дабл“ од 20 поени и 11 скокови ги следеше. 

  • Минесота Тимберволвс - Денвер Нагетс: 

Гостинско славје имаа и Лос Анџелес Клиперс кај Шарлот Хорнетс (90-113). Во изедначен натпревар со многу пресврти, гостите од Калифорнија „запнаа“ кога беше најпотребно и во финишот се одлепија, со што дојдоа до триумфот. Поените во двете екипи беа добро распоредени, а најкорисен играч на средбата беше Пол Џорџ со 20 поени и 10 скокови. По него со еден помалку беше соиграчот Џексон, додека Ламело Бол уфрли 18. 

  • Шарлот Хорнетс - ЛА Клиперс: 

Атрактивна средба одиграа Индијана Пејсерс и Милвоки Бакс во Индианаполис, а гостите заминаа со кренати глави откако победија (133-142). Џианис Антетокумбо беше апсолутно најдобар поединец во двата тима, собра 40 поени и 15 скокови, а далеку зад него беше Холидеј од Индијана со 26. 

На останатите терени, Атланта дома го совлада Орландо (116-93), Мајами слави со Филаделфија (106-94), Њујорк го доби Сан Антонио (102-98), Чикаго беше подобар од Торонто (114-102), Мемфис Гризлис триумфира со Сакраменто (116-110), додека Феникс минимално победи со Портланд (118-117).