Јокиќ: Оваа сезона имаме само една цел - шампионската титула!

Никола Јокиќ

Најголемото изненадување оваа сезона во НБА лигата е екипата на Денвер Нагетс.

На само неколку недели до крајот на сезоната и почетокот на плеј-офот, Голден Стејт и Нагетси водат голема битка за првата позиција на Западот. Истата носи домашна предност во текот на целото доигрување.

Србинот Никола Јокиќ е еден од најдобрите поединци во најсилната лига во светот. Самодовербата кај него, но и кај неговите соиграчи, оправдано е на високо ниво и ги тера да размислуваат за најпрестижната награда - шампионската титула.

„Ќе се бориме да бидеме први на Западот, а потоа ќе атакуваме и на шампионската титула. Тоа е нашата единствена цел. Сакаме да излеземе на терен и да победиме против кој и да се појави на спротивната страна“, вели самоуверениот српски центар.

Денвер цели шест години е без плеј-оф натпревар, а прашањето е дали формата на кошаркарите ќе се пренесе и во најважниот дел од сезоната.