Јокиќ: Не ме почитуваат во САД? Не ми треба туѓа почит и внимание!

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, истакна дека не го интересираат дебатите дали тој е „најнепочитуваниот МВП“ во НБА-лигата и потенцира дека го интересира само играта и резултатите, а не туѓото внимание.

Тренерот на нагетси, Мајк Мелоун, пред извесно време говореше за Јокиќ и кажа дека тој заслужува подобар третман. На неговата изјава се надоврза Србинот по победата над Портланд во последната средба.

„Ако навистина не ме почитуваат, тоа ми се допаѓа. Ако ме почитуваат и тоа ми се допаѓа. Не ми е потребно внимание од медиумите, или било какво останато внимание. Само сакам да играм“, изјави Јокиќ.

Денвер Нагетс во моментов се наоѓа на шестото место во Западната конференција, а скорот на тимот е 21-19.