ФОТО: Јокиќ на местото на Џери Вест, еве како би изгледало новото НБА лого

Никола

Никола Јокиќ ја игра најдобрата сезона откако е дел од НБА лигата. Српскиот центар е вистински лидер во екипата на Денвер Нагетс и е во пократката листа кандидати за МВП наградата.

Моментално репрезентативецот на Србија важи за еден од најдобрите во најсилната кошаркарска лига на светот. 

Деновиве на социјалните мрежи одново е актуелна фотографијата на која Јокиќ е поставен на НБА логото, како замена за легендарниот Џери Вест. Се работи за момент од детството на српскиот кошаркар, како седи со прекрстени раце и е далеку од спортски изглед и физичка форма потребна за спортист во најава.

Во тековната сезона Јокиќ има просек од 26,2 поени, 10,9 скока и 8,5 асистенции. Успешноста од поле му е 56%, а за три поени шутира 41,2%.

Најнови вести од
НБА, САД