ВИДЕО: Јокиќ лидер на Денвер, Тејтум и Бостон подобри од Дончиќ и Далас

Ноќва во најсилната светска кошаркарска лига (НБА) се одиграа дванаесет пресметки. 

Бостон Селтикс, предводен од Џејсон Тејтум, запиша тешка победа над Далас Маверикс (125-112). Тејтум блескаше, имаше „дабл-дабл“ со 37 поени ии 13 скока, а помогнат од Браун (31 поен), го засенија новото одлично издание на Лука Дончиќ. Словенечкиот плејмејкер беше близу до троен ефект со 42 поени, девет асистенции и осум скока. За Маверикси ова беше втор пораз во низа, додека Бостон се врати на победничкиот колосек. 

  • Бостон Селтикс - Далас Маверикс:

Денвер Нагетс по продолжение ја совлада Оклахома Сити Тандер (126-131). Никола Јокиќ со блескава партија и речиси „трипл-дабл“ учинок од 39 поени, десет скока и девет асистенции го водеше Денвер на ова гостување. Гилџис Александар имаше добар натпревар, уфрли 31 поен и подели 11 асистенции, меѓутоа изостана помошта од соиграчите. 

  • Оклахома Сити Тандер - Денвер Нагетс:

На останатите терени, шампионот Голден Стејт слави со Клиперси (124-107), Шарлот беше подобар од Филаделфија (107-101), Кливленд триумфира со Портланд (114-96), Атланта го совлада Сакраменто (115-106), Мајами го победи Вашингтон (113-105). На гостински славја се радуваа Минесота кај Индијана (101-115), Бруклин во Торонто (98-112), Чикаго против Милвоки (113-118), Њу Орлеанс се радуваше кај Спарси (110-129), како и Детроит кој победи во Јута (116-125).