• Горан Упале

По победата на Денвер против Мајами во четвртиот натпревар од финалето на НБА лигата, едно од прашањата за Никола Јокиќ беше поврзано со Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер претходно во петокот го победи Карлос Алкараз во полуфиналето на Ролан Гарос и е на чекор до 23. Грен слем титула, со што би бил најдобар на вечната листа. Јокиќ на прес-конференцијата изјави дека навистина му е чест што е сонародник со Ѓоковиќ.
„Ми се јави, ми испрати порака!
Новак е неверојатен, пишува историја и сигурно ќе заврши како еден од, ако не и најдобар на сите времиња. Има шанса за уште еден трофеј. Неверојатен спортист и голема чест е да се биде негов сонародник, со оглед на тоа како ја претставува Србија во светот. Српскиот народ е горд на него“, изјави Јокиќ.
Ѓоковиќ во големото финале на Ролан Гарос ќе се судри со Каспер Руд, додека Јокиќ и Денвер пред својата публика ќе имаат прва шанса за историски трофеј во НБА лигата.