Јокиќ ја направи Србија главен фаворит за златото на Евробаскетот!

Кошаркарската репрезентација на Србија е главен фаворит за златниот медал на Евробаскетот кој оваа година ќе се игра во месец септември.

„Орлите“ добија сјајна информација, Никола Јокиќ, МВП-играчот во НБА-лигата прифати да игра за државата на овој настан, па така, за нив коефициентот во светските обложувалници драстично падна.

Србија да го освои златниот медал коефициентот изнесува 3,85. На второто место се наоѓа Грција која ќе биде предводена од Јанис Адетокумбо со коефициент 5,65, додека на третата позиција е Франција со квота 6,15.

Европското првенство ќе стартува на 1 септември, а ќе заврши на 18 септември. Домаќини на турнирот се Чешка, Германија, Грузија и Италија.