• Иван Димовски
Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Оклахома Сити Тандер (87-102) на премиерата во новата НБА сезона. Одново своја ноќ имаше Никола Јокиќ со „трипл-дабл“, но немаше поддршка од соиграчите.
Српскиот кошаркар се најде во центарот на вниманието поради една од асистенциите. Тој фати дефанзивен скок и фрли топка преку цел терен во стил на фудбалски аут. Истата ја дочека и прифати Арон Гордон и реализира со положување.
I missed Jokic outlet passes so much pic.twitter.com/xN0aRdNLgR
— Jokic Muse (@_JokicMuse_) October 25, 2024
Инаку, Јокиќ во поразот од Оклахома забележа 16 поени, 13 асистенции и 12 скока.