Јокиќ има 90% шанси да ја освои овогодишната МВП награда во НБА лигата

Никола Јокиќ

Србинот Никола Јокиќ се одлепи од конкуренцијата во трката за МВП наградата, која се доделува на најдобриот поединец во регуларниот дел од НБА лигата.

Центарот на Денвер Нагетс има просек од 26,4 поени, 10,9 скока и 8,4 асистенции. Неговиот тим е меѓу најдобрите во лигата, па со право во него се гледа како најкорисен кошаркар оваа сезона.

Најголема предност за Србинот е тоа што беше дел од сите натпреварите досега. За разлика од него, дел од сезоната пропуштија Леброн Џејмс, Стеф Кари, Џоел Ембид и Јанис Антетокумбо, кои важат за негови директни конкуренти.

Според обложувалниците нема никаква дилема дека Јокиќ ќе ја освои МВП наградата.