• Иван Димовски
Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа во дуелот со Бруклин Нетс (124-105) во највозбудливиот натпревар ноќва во НБА лигата. Овој меч го одбележаа ѕвездите на домашната екипа во „Бол Арена“, кои блеснаа со по „трипл-дабл“. Никола Јокиќ имаше ефект од 35 поени, 15 асистенции и 12 скока, додека Расел Вестбрук уфрли 25 поени, фати 11 скока и подели 10 асистенции. Кај гостите се истакна Џонсон со 22 поени.
- Денвер Нагетс - Бруклин Нетс:
Оклахома Сити Тандер славеше на гостувањето кај Њујорк Никс (110-126), а Шеј Гилџес Александер имаше нова одлична партија. Првата ѕвезда на Оклахома го заврши натпреварот со 39 поени на контото, водејќи го тимот до триумф, а му помогна Џо со 31 поен. Во таборот на Њујорк најдобар беше Џејлен Брансон со 27 поени.
- Њујорк Никс - Оклахома Сити Тандер:
На останатите терени Милвоки триумфира во Орландо (106-109) предводен од одличниот Јанис кој уфрли 41 поен, Индијана го совлада Голден Стејт (108-96), Њу Орлеанс беше подобар од Филаделфија (115-123), Сакраменто триумфира кај шампионот (97-114), а Чикаго го победи Вашингтон (138-105).