ВИДЕО: Јокиќ и Портер пак одушевија, Денвер го сруши и Сан Антонио

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Сан Антонио Спарс со 132-126 во супер-ефикасен, квалитетен и докрај неизвесен дуел во Орландо. Српскиот центар Никола Јокиќ, уште еднаш блесна и го заврши натпреварот со 25 поени (10/17 од игра), 11 асистенции, со 4 скока за 32 минути игра.

Покрај Јокиќ, уште еден одличен натпревар запиша и Мајкл Портер Јуниор, кој постигна 30 поени и оствари 15 скокови. Руди Геј беше најефикасен кај Спарси со 24 поени, Дерик Вајт додаде 20, а Демар Дерозан крај своето име запиша 18 поени.

  • Денвер - Сан Антонио 132-126: 

Во последните 12 минути се влезе со 89-89, но Денвер прв се одлепи на +10 (124-114) и го реши прашањето за победникот. Нагетсите сега имаат скор 44-23, а Спарси 29-37.

Филаделфија 76-ерс запиша нов триумф, победувајќи ги волшебниците од Вашингтон со 107-98. Џоел Ембид ги предводеше Сиксерси со 25 поени и 11 скокови, а одличен натпревар одигра и Тобијас Харис со 17 поени. Кај Визардси, Робинсон и Брајант постигнаа по 19 поени.

  • Филаделфија - Вашингтон 107-98:

\

Филаделфија сега има скор 41-27, а Вашингтон 24-43.