Јокиќ и Дончиќ дел во најдобрата петорка на НБА, Леброн во вториот тим

Откако беше избран најкорисниот играч на сезоната (Никола Јокиќ), НБА лигата ги соопшти трите најдобри петорки од регуларниот дел на најсилното кошаркарко натпреварување на светот.

Очекувано, во најсилната конкуренција место имаше за две балкански ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, кои одиграа неверојатни сезона во дресовите на Денвер и Далас. Покрај нив, во првата петорка се најдоа уште Стефан Кари, Каваи Ленард и Јанис Антетокумбо.

Кари како прв стрелец во регуларниот дел на шампионатот, по четврти пат е меѓу најдобрите пет во лигата, додека Дончиќ за првпат се најде во ова друштво. 

Втората петорка ја сочинуваат Крис Пол, Дамјан Лилард, Леброн Џејмс, Џулиус Рендл и Џоел Ембид, а членови на третиот тим се Кајри Ирвинг, Бредли Бил, Џими Батлер, Пол Џорџ и Руди Гобер.