ВИДЕО: Јокиќ го одлучи трилерот, Денвер по екстра-време ја надигра Јута

Денвер Нагетс и Јута Џез го одиграа највозбудливиот натпреварод скромната НБА-понуда. Српскиот центар Никола Јокиќ ја имаше улогата на клучен човек во одлучувачките моменти од продолженијата, по кои Денвер извојува победа од 134-132. 

Центарот запиша 30 поени, 11 скока и седум асистениции и ја понесе улогата играч на натпреварот. Џамал Мареј покажа дека повредата е минато и постигна 23 поени и оствари 12 сока. Донован Мичел беше најзабележителен кај „џезерите“ со 35 поени, шест скока и осум асистенции. 

  • Денвер - Јута 134-132:

  • Играч на натпреварот: 

Индијана го победи Лос Анџелес Лејкерс со 116-111, но видливо беше дека „езерџиите“, кои ја осигураа првата позиција на Западот, со мислите се веќе во разигрувањето.

  • Индијана - Лос Анџелес Лејкерс 116-111:

Кошаркарите на Феникс го победија Мајами со 119-112.