• Горан Упале

Кошаркарите на Денвер Нагетс забележаа тежок домашен пораз од Чикаго Булс со 117-96, а Никола Јокиќ го одигра еден од најслабите натпревари во сезоната.
Најслаб за своите лудо високи стандарди кои сам ги постави сезонава, а сепак имаше 18 поени, 12 скока и 8 асистенции. Но, само вторпат во сезоната Јокиќ шутираше од поле под 50%. Ерон Гордон додаде 17, а Џамал Мареј 11 поени.
Кај Булси најефикасен беше Зек Лавин со 29 поени, пет скока и четири асистенции, а Никола Вучевиќ постигна 25 поени, а собра и 15 скока и три асистенции.
Њу Орлеанс Пеликанс ја доби драмата со Далас Маверикс (113-106), а Си Џеј МекКолум постигна 13 поени во последните четири минути. Заврши со вкупно 32 поени.
Брендон Инграм даде 12 поени додека не го истегна скочниот зглоб, а од друга страна, поради истегнување на бутниот мускул, Лука Дончиќ одигра само 28 минути и заврши со 15 поени, три скока и осум асистенции. Кајри Ирвинг ги предводеше Мевси со 27 поени, шест скока и четири асистенции, а Тим Хардавеј постигна 17 поени.
Феникс извојува убедлив триумф над Оклахома Сити со 132-101, а Кевин Дурент го повреди скочниот зглоб уште на загревањето.
Најдобар за Санси беше Девин Букер со 44 поени, а Крис Пол запиша 18 поени. Кај поразениот тим најефикасен беше Линди Вотерс со 23 поени.