ВИДЕО: Јокиќ го доби директниот дуел со Кари, Мајами продолжи да се мачи

Јокиќ

Никола Јокиќ продолжи да игра на МВП ниво и со „трипл-дабл“ обезбеди победа на Денвер во дуелот со Голден Стејт (114-104). Ниту одличниот Стеф Кари (35) не можеше да спречи нова радост на Нагетси, кои оваа сезона најавуваат дека се зрели за висок пласман. Српскиот центар покрај 23 поени запиша уште 14 скока и десет асистенции.

Веднаш по заминувањето на Џејмс Харден, екипата на Хјустон Рокетс одговори со триумф во дербито на Тексас кај Сан Антонио (105-109). Домашните кошаркари одиграа на посакуваното ниво, но на крај беа покуси во завршните 12 минути, кога ја испуштија предноста која ја стекнаа во првите три четвртини. 

Филаделфија ја продлабочи кризата на вицешампионот Мајами (125-108) и победи и покрај лошата партија на Џоел Ембид. Неговиот учинок го надополни Бен Симонс кој прокнижи по десет поени и скока и 12 асистенции. Тимот од Флорида немаше што да бара на овој натпревар, а тоа можеше да се забележи по првиот дел.

Екипата на Торонто си обезбеди залиха, па и покрај очајната последна четвртина успеа минимално да го порази Шарлот (111-108). Само 12 поени гласеше учинокот на Репторси во завршницата, што гостите го искористија за да внесат неизвесност во мечот. Резервистот Крис Бучер со 25 поени беше најефикасен кај тимот од Канада.

На последниот меч Индијана изненадувачки лесно се справи со Портланд (87-111).