• Иван Димовски
Кошаркарите на Денвер Нагетс се радуваа на гостувањето кај Феникс Санс со 111-119, за четврто славје во низа. Иако Јусуф Нуркиќ и Кевин Дурант имаа одлични партии пред својата публика во „Футпринт Центарот“, сепак српскиот центар Никола Јокиќ ги засени и го поведе својот тим до победата.
- Феникс Санс - Денвер Нагетс:
Само првиот период беше неизвесен, во него екипите се менуваа во водството, а потоа шампионот презеде контрола. Феникс се приближи во финишот на третиот период, дојде до егал на стартот на четвртиот, ама на крајот пак претрпе пораз. Со 31 поен на контото најефикасен беше Нуркиќ, додека „дабл-дабл“ запиша Кевин Дурант (30 поени, 11 асистенции). Одлична напаѓачка партија запиша Јокиќ со 21 поен и дури 16 асистенции, а во Денвер со двоен ефект беше уште Портер (19 поени, 10 скока).
Домашен пораз без првата ѕвезда запиша Далас од Мемфис (94-108). Лука Дончиќ поради персонални причини не беше во тимот на Мавси, а Гризлис го искористија тоа и запишаа победа. Десмонд Бејн со 30 поени беше најефикасен во Мемфис, а го следеа Новел со 19 и Алдама со 17 поени.
На останатите терени, Бостон славеше дома со Филаделфија (125-119), Орландо триумфираше против Вашингтон (130-125) и Њу Орлеанс беше подобар од Сан Антонио (121-106).