„Јокиќ е убедливо најдобар, ита кон најславните во кошаркарската историја“

Легендарниот Ирвинг „Меџик“ Џонсон зборуваше во еден од многуте НБА подкасти, но овој пат го привлече вниманието со изјавата поврзана со Србинот Никола Јокиќ, за кого рече дека е убедливо најдобар и тука не треба да има сомнежи. 

Џонсон е импресиониран од бројките на „Џокерот“ и рече дека е неверојатно како ги замолкнува сите кои секоја сезона очекуваат да падне во формата. 

„Од еден сјаен додавач и шутер кон друг, ќе кажам дека Јокиќ е убедливо најдобар во светот. Тука немам никаков сомнеж. Неговата кошаркарска интелигенција импресионира, има дарба прелесно да ги чита противниците и точно знае кои се нивните слабости.

Постојано делува дека е вон ритам, но игра со својата брзина, слично како Крис Малин. Не би се осудил да кажам дека е еден од најдобрите на сите времиња, но е на одличен пат да се приближи натаму. Сите очекуваат да му падне формата, но тој ита кон најславното друштво“, изјави „Меџик“. 

Ова не е првпат Џонсон да зборува со пофални зборови за Јокиќ, кого во една прилика го нарече „новиот Бог на кошарката“.