• Горан Упале
Никола Јокиќ одново беше предводник на својот Денвер во нова победа во НБА лигата, прва на свој паркет оваа сезона. Нагетси славеа над Јута Џез со 129-103, а во фокусот на американската кошаркарска јавност одново беше српскиот центар.
„Џокерот“ беше најдобар стрелец кај победничкиот тим, а со еден потег одново ја одушеви домашната публика, но и коментаторот, кој нескромно истакна дека Никола Јокиќ е најпаметниот кошаркар во НБА лигата.
Nikola Jokić FIRES the inbounds pass to MPJ for 3
EARLY 2Q triple-double watch with 7 PTS / 7 AST / 6 REB on NBA League Pass!
https://t.co/UIAqO5iSCp pic.twitter.com/GS0WFu342q
— NBA (@NBA) November 3, 2024
Центарот на Нагетси и актуелен носител на МВП титулата постигна 27 поени и имаше 16 скока, од кои 11 во својот рекет, а беше на само една асистенција до остварување на нов „трипл-дабл“ во сезоната.