• Саше Љолес
Никола Јокиќ уште еднаш одигра брилијантна партија за својот Денвер Нагетс во победата над Вашингтон Визардс со 118-104. „Џокерот“ повторно беше на висина на задачата и беше предводник на својот тим со 31 поен, 12 скокови и седум асистенции.
Со овој учинок, Јокиќ успеа да го мина Лука Дончиќ кој просечно сезонава бележи 30 поени, 10 скокови и пет асистенции и на најдобар можен начин даде увертира за најинтересните мечеви во регуларниот дел кога Денвер ќе игра со Филаделфија и Милвоки, односно против најголемите конкуренти за МВП-признанието, Џоел Ембид и Јанис Адетокумбо.
Србинот прикажа сјајна дефанзивна партија на вчерашниот меч со Вашингтон и беше апсолутно најкорисниот играч за својот тим. Седум од дванаесетте скокови вчера беа дефанзивни, успеа да украде три топки, како и да подели две блокади.
Michael Malone gives the #Nuggets' Defensive Player of the Game chain to Nikola Jokic (who *might* be happier to win that than the MVP?)
Also shouts out Michael Porter Jr.'s 6-9 from 3 to chants of "Mike, Mike, Mike!"#MileHighBasketball vibes are strong as they head home. pic.twitter.com/GtrbqUr8Pp
— Joel Rush (@JoelRushNBA) March 23, 2023
Зголемениот учинок во одбраната може дополнително да го радува тренерот Мајк Мелоун кој по мечот, во соблекувалната го закити Јокиќ со голем сребрен ланец кој е награда за најдобриот дефанзивен играч во тимот.
Сите соиграчи дадоа аплауз за неверојатниот центар кој е апсолутно еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата последните дваесетина години. Денвер Нагетс е во одлична форма и со огромна самодоверба ги очекува финалните мечеви во регуларниот дел, како прекрасна увертира за плеј-офот кој започнува на 15 aприл.