ВИДЕО: Јокиќ диригираше, а Денвер го прегази Сакраменто!

Кошаркарите на Денвер Нагетс одиграа уште една моќна партија во НБА лигата и го запишаа осумнаесеттиот триумф сезонава во елитното натпреварување. Нова „жртва“ на некогашниот шампион беше тимот на Сакраменто Кингс, кој во својот дом беше засрамен и поразен со убедливи 31 поен разлика (105-136).

Нагетски се „распукаа“ против ранетиот ривал, а одново на висината на задачата беше Никола Јокиќ. Српскиот ас имаше вечер за паметење и за само 29 минути забележа 36 поени, 12 скока и 8 асистенции. Во таборот на победничкиот тим одличен беше и Вотсон со 21 поен, како и Џонсон со 16. Кај поразениот тим Монк запиша 18, а Расел Вестрбрук го следеше со 17 поени. 

„Фенерџијата“ во Западната конференција, Њу Орлеанс Пеликанс го одигра најефикасниот натпревар сезонава постигнувајќи 143 поени во соочувањето со Портланд. На крај Пеликанси славеа со 23 разлика (143-120) и го забележаа само четвртиот триумф во НБА сезонава. 

Марфи со 24 поени и МекГовен со еден помалку беа на ниво кај победничкиот тим, а за Портланд прв поентер беше Шарп со 21 поен.

На останатите два натпревари Лос Анџелес Клиперс загуби од Хјустон Рокетс со 115-113, а Милвоки Бакс го доби дербито со Бостон со 116-101.

ФОТО/PHOTO: NBA (X)