Јокиќ: Цел притисок е на Клиперси, ние само се забавуваме...

Никола

Никола Јокиќ беше прво име во редовите на Денвер Нагетс во победата на шестиот натпревар против Лос Анџелес Клиперс.

Тимот на Док Риверс одново дозволи да испушти предност од +19 и на крај ќе биде приморан да игра „мајсторка“. Според српскиот центар цел притисок е на страна на екипата од Калифорнија, со оглед на ѕвездениот тим и очекувањата пред сезоната.

„Ова ни е четврта серија во низа на која играме седми натпревар. Цел притисок е кај противникот, ние се забавуваме и ќе дадеме сè од себе да победиме.

Ќе се забавуваме и на седмиот натпревар, немаме многу време да се опоравиме. Тоа ќе биде само уште еден мечза нас“, изјави Јокиќ.

Најдобриот кошаркар на Нагетси блесна со 34 поени, 14 скока и седум асистенции. Тој е главната причина што неговиот тим е во позиција да игра конференциско финале, каде ќе ги чека Леброн Џејмс и неговиот Лос Анџелес Лејкерс.

Најнови вести од
НБА, САД