• Саше Љолес

Хрватскиот кошаркар, Крунослав Симон, даде интересна изјава поврзана со најдобриот кошаркар на денешницата, Србинот Никола Јокиќ.
Симон смета дека „џокерот“ бил буквално ограбен при изборот за МВП признанието кое го добива најкорисниот кошаркар во НБА лигата. Минатата сезона оваа награда заврши во рацете на Џоел Ембид, а скоро целата спортска јавност остана во шок од одлуката. Јокиќ беше предводник на Денвер Нагетс кон првата историска титула во НБА, но сепак, Ембид беше тој што го доби престижното признание.
„Грабеж на векот! Доделувањето на МВП наградата на Ембид беше класичен грабеж кој никако не смееше да се случи. За мене тоа е голема неправда, му реков на Јокиќ дека НБА лигата повеќе не заслужува да ја следам.
Целата ситуација е за потсмев. Скоро сите светски медиуми пишуваа за големата неправда. Мислам дека Јокиќ не ја доби по третпат наградата само затоа што е Србин. Американците не смееја да си дозволат тој да биде МВП трипати во низа“, изјави Симон.
Никола Јокиќ и следната сезона ќе биде прв фаворит за МВП признанието. Денвер Нагетс задржа најголем дел од својот ростер и одново ќе биде најсериозен кандидат за шампионската титула. Српскиот кошаркар не престанува да ги воодушевува сите со својата скромност, но и со огромната пожртвуваност на терените.