Јелена Антиќ продолжува во Унгарија

Македонската кошаркарска репрезентативка Јелена Антиќ пронајде нов клуб и во иднина ќе игра во Унгарија.

Антиќ, која настапуваше во Полска, авантурата ќе ја продолжи во екипата на Чата, која се натпреварува во унгарскиот шампионат и се наоѓа на шестата позиција. Македонката имаше проблеми со повреда на коленото, поради кои подолго отсуствуваше, но од Чата очекуваат да биде големо засилување.

Репрезентативката важи за кошаркарка со големо искуство, затоа што претходно со Висла настапуваше во женската Евролига, а исто така имаше и добри настапи во шведска Лулеа.