• Зоран Мишевски
Јелена Антиќ повеќе нема професионално да се занимава со кошарка. 32-годишната кошаркарка, одлучи и објави крај на играчката кариера!
„Имав само 15 години кога заминав од дома за да го следам својот сон. Мојот кошаркарски сон. 17 години подоцна може да кажам дека кошарката ми го подари светот. Светот на можности. Јас ѝ ги дадов срцето, телото и умот. Вистинска длабока љубов. Но, последните години беа исцрпувачки, физички и психички. Ти благодарам за се добро и лошо, за сите победи и порази, насмевки и солзи, сеќавања и лузни.
Ова не е збогум, само ќе те гледам од другата страна на линијата“, напиша Антиќ на социјалните мрежи.
Јелена стартуваше во екипата на Младинец од Драчево, па се пресели во САД каде што прво играше во средното училиште „Либерти Академија“, а потоа и за Универзитетот „Либерти флејмс“. По американската авантура, по враќањето, најпрво настапуваше за белградски Партизан, каде што мина три сезони, а потоа и за една друга српска екипа - Радивоје Кораќ.
Патот низ кошаркарска Европа ја однесе и во Макаби Ашдод (Израел), ЦСУ Алба (Романија), Лулеа Баскет (Шведска), Висла Краков.