• Мартин Танасковски
Кошаркарскиот тренер на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, изјави дека не му пречат „грди“ победи и дека неговиот тим нема да го промени својот дефанзивен пристап дури ни во претстојниот натпревар против актуелниот шампион Панатинаикос, во полуфиналето на фајналфорот на Евролигата во Абу Даби.
„Сум бил на многу Ф4-турнири и како тренер и како играч. Ме интересираат само трофеите. Ако победиме, зошто би ме интересирало како тоа ќе изгледа? Дали е убава победата или грда? Околу дуелот со Атаман, не ги гледам бројките и нашиот скор. Не гледам на мечевите како дуел со тренер, туку ме интересираат само победи. Навистина верувам во мојата работа. Не е дека сакам да победам некого индивидуално. Не ја гледам статистиката, без разлика дали е позитивна за мене или негативна“, изјави Јасикевичиус за Basketnews.
Фенербахче ќе игра против бранителот на титулата Панатинаикос во полуфиналето на фајналфорот на Евролигата во Абу Даби во петок во 17 часот.
ФОТО: Turkish Airlines EuroLeague/Facebook