Јасикевичиус го доведе Најџел Хејс во Жалгирис

Шарунас Јасикевичиус ја започна реконструкцијата во таборот на поранешниот европски првак и најпопуларен клуб во Литванија, Жалгирис од Каунас. Имено, извесно е дека „зелените“ ќе останат без неколку големи ѕвезди кои обезбедија плеј-оф на Евролигата сезонава.

Сепак, клубот од Каунас го претстави и првото големо засилување. Американецот Најџел Хејс го напушти турски Галатасарај и потпиша за Жалгирис на една години со опција ако двете страни бидат задоволни да потпише договор и за сезоната 2020/21.

Во турската Суперлига, Хејс имаше одлична сезона во која во просек постигнуваше по 12,5 поени, а бележеше и по пет скока и две асистенции по натпревар.