• Саше Љолес
Тренерот на европскиот шампион, Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, го прокоментира штотоку завршениот континентален кошаркарски собир, каде Германија по вторпат во историјата се искачи на тронот.
Литванскиот стратег зборуваше „без влакна на јазикот“ и рече дека квалитетот на првенството бил лош, а на моменти му било тешко да ги гледа репрезентациите кои беа дел од турнирот.
„Според мене, натпреварите на овој Евробаскет не беа на високо ниво. Со исклучок на мечот меѓу Србија и Турција во групната фаза, остатокот од турнирот беше тежок за гледање, особено по завршувањето на сезоната во Евролигата.
Сметам дека Турција одигра најдобра кошарка на турнирот. За мене тие беа најдобриот тим на Евробаскетот – и тоа го велам сосема искрено“, заврши Јасикевичиус.
Германија во големото финале на Европското првенство ја совлада селекцијата на Турција и ги обедини двете најважни титули на интернационалната сцена.
ФОТО/PHOTO: Fenerbahce Beko/Facebook

