• Саше Љолес
Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, жестоко реагираше по поразот од Жалгирис во четвртфиналната серија на Евролига (81-78).
Тој не го криеше разочарувањето од настапот на својот тим, особено во дефанзивата, која ја оцени како недозволива за вакво ниво на натпреварување.
Јасикевичиус нагласи дека Фенербахче не ја следел својата дефанзивна филозофија и дека во клучни моменти изгледале како тим без јасна структура и дисциплина.
„Не знаевме што правиме на паркетот. Бевме очајни во одбраната, а во нападот постојано се мачевме. На моменти изгледавме како аматери, тоа за мене е недозволиво. Ќе имам што да им порачам на своите играчи“, рече славниот Литванец.
Жалгирис успеа да намали на 2-1 во четвртфиналната серија и внесе дополнителна неизвесност. Четвртиот натпревар ќе се одигра на осми мај.

