ВИДЕО: Јапонија ја изненади Франција пред борбата на ЛОИ

Кошаркарската репрезентација на Јапонија приреди изненадување пред настапот на Летните олимписки игри во Токио, откако со сигурни 81-75 ја совлада фаворизираната селекција на Франција.

На дуелот во Саитама, домашниот тим одлично отвори и по првите две четвртини имаше заслужено водство од 16 поени разлика. По паузата „триколорите“ се консолидираа и ја анлуриаа позитвата на Јапонија (74-74), но во клучните моменти остана без концентрација и дозволија домаќинот да извојува победа од шест поени разлика (81-75).

Кошаркарот на Вашингтон, Руи Хачимура ја предводеше Јапонија со 19 поени, додека Јута Ватанабе додаде 18. За Французите најефикасен беше Еван Фурние со 16 поени, а Руди Гобер имаше 11 поени, 8 скока и 2 рампи.

На олимпискиот турнир Франција е во групата А со САД, Иран и Чешка, додека Јапонија е во групата Ц со Аргентина, Шпанија и Словенија.