• Мартин Танасковски

Јапонија важи за земја во која технологијата е на највисоко ниво, а тоа се покажа и на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) каде е промовиран робот – специјалист за постигнување тројки.
На социјалната мрежа „Твитер“ се појави видео од полувремето на натпреварот меѓу САД и Франција додека Јапонците го промовираа новиот робот. Прво, роботот даде тројка од линијата без грешка, реализираше уште еднаш, а потоа, „успеа“ да реализира и од центарот на теренот за три тројки од три обида.
Погледнете како сето тоа изгледаше...
- Кошаркарскиот робот во Токио:
A #basketball robot at #Tokyo2020.
The end of the world is coming...
@annkillion pic.twitter.com/WEFaC7TXtT
— BettingOdds (@BettingOddsUK) July 25, 2021


