• Иван Димовски
Кошаркарската репрезентација на Грција се пласираше во четвртфиналето на Евробаскетот, откако слави во дуелот со Израел (84-79). За разлика од останатите фаворити, Грците не си дозволија изненадување и во „Шаоми Арената“ во Рига си ја исполнија задачата пласирајќи се меѓу осумте најдобри.
Уште од стартот Грција се наметна и одржуваше позитива, но не успеваше да се одлепи. Слично се играше и во второто полувреме, а во него за првпат предноста ја надмина двоцифрената маргина пред паузата (50-39), а на одмор се замина со резултат 50-41.
Во вториот дел Израелците имаа налет, успеаја да се вратат до 60-58, но ривалот одговори со серија од 6-0 и пак се оддалечи. Највисокото водство Грција го достигна на стартот на последната четвртина кога поведе со 73-59, а иако противникот имаше налет и стопи дел од негативата, на крајот фаворитот ја исполни својата цел.
Јанис Адетокумбо беше инспиратор на оваа победа, го заврши мечот со 37 поени и фати десет скока, а кај Израелците се истакна Авдија со 23.



